Џакарта деновиве станува помала за десет милиони жители

Џакарта, 25 јули 2014 (МИА) -  Главниот град на Индонезија Џакарта, кој е втор по големина во светот со 28 милиони жители, следната недела нема да биде налик на вообичаеното секојдневие, бидеќи околу 10 милиони нејзини жители една недела ќе се вратат во селата и помалите градови од кои дошле во престолнината. Причина е крај на рамазанскиот пост и почеток на повеќедневните празници наречени Идул Фитри.

Ова е повеќегодишна традиција во Џакарта и другите поголеми градови во Индонезија. Бројната послуга од сите видови помош во домаќинствата, која речиси без исклучок работи и живее во џакартанските семејства по деновите на Рамазан добива седум слободни дена, кога сите заминуваат во своите вистински домови.

Од своевидниот егзодус на дојденците во Џакарта најмногу мака ќе видат бројните странски семејства кои ќе останат без послугата, па затоа наместо во куќите во кои живеат, странците ги опседнуваат хотелите и многубројните туристички центри на брегот на островот Јава.

Своевиден куриозитет на Џакарта е и „окупацијата“ на елитните хотели од страна на побогатите жители на мегалополисот. Со многу редуцирана послуга, без која тешко се опстанува, побогатите семејства се сместуваат во елитни хотели во самиот град, а тоа е и прилика богатите сопруги да ги покажат својата гардероба и скапоцен накит пред другите претставнички на „кремот’’ на бизнисот и политиката во главниот град на Индонезија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...