Бан апелира за прекин на судирите во Појасот Газа

Њујорк, 25 јули 2014 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун апелираше до Израел и Хамас да ги прекинат судирите и остро да го осудат гранатирањето на училиште на ОН во Газа.

- Шокиран сум и вџашен од тоа што се случи во Беит Ханоун, истакна Бан, зборувајќи за северниот дел на градот Газа, каде вчера загинаа 16 луѓе, од кои седум деца.

Во нападот загинаа и претставници на ОН.

- Тоа е целосно неприфатливо. Инцидентот покажува колку е нужно да се воспостави примирје и да заврши судирот во кој загинаа 760 Палестинци. Им порачувам и на Израел и на Хамас, на Палестинците, дека е неморално да го убиваат својот народ. Морате да ги прекинете борбите и да почнете разговори. Без оглед на меѓусебните разлики, тоа е погрешно, истакна Бан пред средбата со американскиот државен секретар Џон Кери во Каиро.

Според израелските медиуми Кери подготвил нов предлог за примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, кој е претставен на двете страни. Предлогот предвидува привремен прекин на огнот на една недела за да можат израелските сили да се повлечат од Појасот Газа. Двете страни се повикуваат да отпочнат преговори за траен договор со посредство на Египет. Во разговорите би учествувало и палестинското раководство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...