Тројца египетски исламисти убиени во израелски напад на Синај

Каиро, 25 јули 2014 (МИА) - Тројца членови на египетската исламистичка организација Ансар Бејт ал Макдис се убиени во напад на израелско беспилотно летало на Синајскиот Полуостров, соопшти денеска групата.

Во соопштение, објавено на интернет страница што групата често го користи за пренесување на нејзините ставови, се тврди дека леталото во средата вечерта го погодило автомобилот со кој патувале исламистите.

Претставник на египетското Министерство за одбрана, меѓутоа, демантира дека имало таков напад.

- Египетскиот воздушен простор не беше нарушен од какви и да било летала, било да се израелски или други, нагласи тој.

Групата Ансар Бејт ал Макдис, која е стационирана на Синајскиот Полуостров и САД ја прогласија за терористичка организаицја, извршува напади врз израелски граничари и со ракети го гаѓа јужниот израелски град Ејлат. Таа беше формирана по бранот бунтови што го зафатија Египет во 2011 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...