МХ17: Моментот Франц Фердинанд на нашата генерација?

Да, има совпаѓања помеѓу јули 2014 и јули 1914 – но има и разлики.
На почетокот од годинава, Кристофер Кларк, авторот на „Слипвокерс: Како Европа влезе во војна во 1914“, рече: „Следејќи ја сегашната криза на Крим, има само еден месечар – Владимир Путин“. Кларк го користи терминот „месечар“ како референца за тврдоглави манири со кои политичките лидери од почетокот на Дваесетиот век донесувале одлуки кои довеле до синџир на настани, кои кулминирале со Првата светска војна.

Жално е, но Кларк греши кога вели дека Путин е единствениот месечар денес. Месечарите исто ги опседнуваат канцелариите и надворешните политики на западните престолнини. Културата на позирање, фаќање место во првите редови и игри со медиумите, го одвлекоа вниманието на политичките елити од Европа и Америка од развојот и кој било друг вид на проценки за нивните геополитички интереси. Во последниве години, примерите со интервенционистичките дипломатии во Либија и Сирија доведоа со серија удари за западот. Индиректно поттикнувајќи ја итноста од нови генерации џихадисти во Сирија, западните влади сега го вртат вниманието кон дестабилизирање на регионот околу Русија. Новата политика на западот да се стави Путин во позиција да се брани и неговото присилување да ги напушти своите традиционални интереси во соседните земји, како што е Украина, е засилено повеќе од шоуменство наместо со геополитички калкулации. Токму затоа повторно Европа дува и на ладно и на жешко во однос на Русија, отстапувајќи да стори што било  повеќе отколку создавање на впечаток на водење муабети за и воведување на санкции. Лондон и Вашингтон често инсистираат дека пожестоки санкции треба да и се наметнат на Русија – но другите одбиваат да го прифатат тоа.

Но какви и да се интересите на разни сили вклучени во сегашната закоченост против Русија, ова дипломатско навраќање на времето од Студената војна може да мутира во посериозен конфликт. Месечареа во Либија и во Сирија, па што сега ги спречува Лондон и Вашингтон да го прават истото и во Украина? Се разбира дека урнувањето на МХ17 на Малезијан ерлајнс во источна Украина, и политичките и дипломатските реакции во однос на трагедијата, покажуваат дека ваков настан може да послужи како катализатор за пресврт на политичкото натегање во поопасна претстава со сила.

Брзината со која западните медиуми и влади ја насочија сета вина за трагедијата со МХ17 врз врз Путин, навестуваат дека моќните институции не се свесни за опасноста од ескалацијата на овој конфликт. Бројни западни медиумски ограноци тврдат дека уривањето на МХ17 потсетува на атентатот врз Франц Фердинанд. Други пак прават споредба меѓу МХ17 и потонувањето на британскиот патнички брод Лузитанија за време на Првата светска војна, што доведе до влез на Америка во глобалниот конфликт кој траеше од 1914 до 1918 година. Мнозина сега се прашуваат дали јули 2014, со уривањето на МХ17, и порастот на тезниите во источна Европа и насекаде, е повторување на јули 1914, кога неколку недели по атентатот врз Фердинанд пукна глобалната војна.

Кога се приближуваме кон одбележувањето на стогодишнината од големата војна, разбирливо е што трагедијата на МХ17 некои ја гледаат како наш Франц Феринанд момент. Во двата случаи, ниту владите, ниту пак јавноста изгледа биле свесни за олеснување преку кое дипломатски ривалства можат да се претворат во крвав конфликт. Па така денес изгледа дека лидерите од западот не размислувале за последиците од втерување на Русија до точката каде ќе биде присилена да реагира.

Но она што ја прави денешната ситуација посебно опасна не е наметнувањето на тесни дипломатски интереси. Можеби воените тапани почнале да бијат, но всушност ова е повеќе како издишување. На антируската крстоносна војна и недостасува убедливост. За возврат, поразувачкиот одговор на Москва на глобалната пропагандна војна против неа, ја води со паралелна дефанизива и реакции против глобалните политики. Не, она што ја прави сегашната ситуација опасна е што многу од протагонистите изгледа им недостасува какво било  прифаќање на глобалната реалност, и разбирање на динамиката на меѓународните односи и конфликти. Тие не се свесни за геополитичките реалности и за последиците од нивните реакции.

За среќа, за разлика од пред еден век, пропагандата која се пласира денес од владите, има мало влијание врз јавниот живот. Всушност, највпечатлива содржина од скорешните меѓународни епизоди, меѓу кои најмногу е закоченоста кон Русија, е дека јавноста изгледа исклучена, индиферентна кон наметнувањето страв кое оди заедно со воената пропаганда. Ниту луѓето во Европа, ниту пак Америка и Русија сакаат војна. Тоа нема да ги спречи политичките лидери од создавање на повеќе Либии и Сирии низ светот, но барем засега, јавната поддршка за такви авантури ќе биде сомнителна со своето отсуство.

Спајкд - Лондон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...