Kамион прегази 12 заспани верници во Индија

Њу Делхи, 29 јули 2014 (МИА) - Најмалку 12 хиндуистички верници загинаа денеска откако биле прегазени од камион, додека спиеле покрај еден автопат во североисточниот дел на Индија, соопштија локалните власти. 

Меѓу загинатите има четири жени, а уште 18 луѓе се повредени. Несреќата се случила пред изгрејсонце на автопатот кај градот Аурангабад во индиската држава Бихар.

Началникот на полицијата на Аурангабад, Упендра Кумар Шарма изјави дека повеќе од 50 верници се одмарале крај патот по посетата на еден храм во соседната држава Џарканд, кога возачот на камионот загубил контрола врз возилото.

- Верниците го паркирале автобусот и заспале на ливадата во близина на патот, кога ги прегазил забрзаниот камион, истакна Шарма.

Годишно во сообраќајни несреќи во Индија гинат дури 140.000 луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...