Стејт департмент:

Милиони луѓе лани протерани од домовите

при меѓурелигиско насилство

Вашингтон, 29 јули 2014 (МИА) - Милиони луѓе ширум светот лани биле принудени да ги напуштат домовите поради своите верски убедувања, се наведува во извештајот на  американскиот Стејт департмент за религиозните слободи во светот во 2013 година.

Во извештајот се посочува дека масовното раселување станало „погубно правило“ во конфликтните зони.

Според документот, во голем дел од Блискиот Исток христијанското присуство станува „сенка на тоа што било некогаш“. Стотици илјади христијани избегаа од Сирија од почетокот на граѓанската војна, што во оваа земја почна пред три години, наведува Стејт департментот.

Извештајот посебно внимание посветува на раселувањето на над еден милион лица во Централноафриканската Република во 2013 година во текот на зголеменото насилство меѓу христијаните и муслиманите.

Во југоисточна Азија насилството врз муслиманите се шири од немирните западни региони на Мјанмар до централниот дел на земјата, а во него загинале приближно 100 лица, додека 12.000 се раселиле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...