Главната воена база во Бенгази падна во раце на исламистите

Триполи, 30 јули 2014 (МИА) - Најголемата воена база во Бенгази, Генералштабот на специјалните сили на либиската армија, по неколкудневни крвави борби падна во рацете на исламистички групи.

Информацијата официјално ја потврдија и претставници на армијата и исламистите.

Сојуз на исламистичките и џихадистички групи, Советот на шурата на револуционерите од Бенгази објави соопштение во кое информира за заземањето на Генералштабот на специјалните сили во Бенгази.

Информацијата ја потврди и воен извор, кој прецизира дека меѓу луѓето што ја зазеле базата има и борци на групата Ансар ал Шарија, која Вашингтон ја прогласи за терористичка организација.

Специјалните сили под раководство на полковникот Ванис Абу Хамада се повлекоа по неколкуте напади, прецизира воениот претставник.

Судирите во Бенгази траат со недели. Само од саботата, па досега, во овир борби загинаа околу 60 лица.

Ова е досега најголема загуба за либиската армија, која уште заздравува по падот на режимот на Моамер Гадафи во 2011 година.

Специјалните сили се една од малкуте редовни армиски единици во Либија. Тие дадоа поддршка на активностите на одметнатиот генерал Халифа Хафтар, меѓутоа не се ставија под негова команда.

Хафтар од 16 мај се бори со исламистите во Бенгази. Иако, многумина го обвинуваат за обид за државен преврат Хафтар во неговата борба има поддршката на некои единици на редовната армија, вклучувајќи ги и единиците на Военото воздухопловство.

Во меѓу време, тунискиот министер за надворешни работи Монги Хамед најави дека Тунис планира да ја затвори границата со Либија поради безбедносни причини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...