НАТО не е подготвен за „руската закана“ смета британскиот парламент

Лондон,31 јули 2014 (МИА) - НАТО е неподготвен за „руската закана“ од евентуален напад од Русија врз некоја од земјите членки на Северноатланската Алијанса,се вели во извештајот на Комисијата за одбрана на британскиот Парламент,што е денеска е објавен во Лондон.

Во анализата што е направена по украинската криза,се вели дека настаните во и околу Украина укажаа на „сериозните слабости“ во подготвеноста на НАТО да одговори на заканите. Во извештајот на британските парламентарци се посочени и неколку предлози за,како што се вели - „радикалната реформа“ на Алијансата.

Членовите на Комисијата оценуваат дека и понатаму е мошне ниска заканата од евентуален напад со конвенционално оружје,но се истакнуваат новите методи кои сега се појавуваат,како користењето на сајбер нападите и на нерегуларните вооружени милиции. Британската Комисија за одбрана сугерира обезбедување на континуирано присуство на силите на НАТО и на воена техника во „ранливите“ земји покрај руската граница,а пред се,во регионот на Балтикот.

Парламентарците сметаат дека во одредбите на членот 5 на спогодбата на Алијансата,според кој нападот врз една членка,покренува реакција на сите други земји-членки,да се внесат и заканите од сајбер нападите и од нерегуларни воени групи. Британските парламентарци сугерираат и „што е можно побрзо“ создавање на силите за брза реакција,како и редовно одржување на воени вежби.

- НАТО се однесува премногу самозадоволувачки,кога станува збор за заканите од Русија,па затоа е и лошо подготвен за да одговори на нив, се вели во извештаојот на Комисијата за одбрана при Парламентот на Велика Британија. Претставник на Алијансата во Брисел изјави дека заклучоците и предлозите на британските парламентарци ќе бидат „детално проанализирани“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...