Предупредување за американските авиони во ирачката воздушна територија

Вашингтон, 1 август 2014 (МИА) - Американската Федерална авијациска администрација нареди американските авиокомпании да не летаат над Ирак на висина под 9145 метри поради потенцијални опасни ситуации со оглед на вооружените конфликити.

ФАА претходно ги имаше ограничено летовите  во ирачкиот воздушен простор на висина од најмалку 6095 метри.

Исто така вчера им беше забрането на американските компании да ги користат двата меѓународни аеродроми - „Ербил“  и „Сулајман“.

Најновата одлука на ФАА е донесена две недели по падот на малезискиот авион во зоната на конфликтите во источниот дел на Украина.

Во Ирак беснеат конфликтите помеѓу екстремистите и владините сили, и се стравува дека и милитантите во свои раце поседуваат оружје кое може да урне авион. Неколку европски авиокомпании претходно воведоа промени за летовите во Ирак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...