Израел бара демилитаризација на Газа и меѓународни гаранции

Њујорк, 1 август 2014 (МИА) - Израелската Влада бара демилитаризација на Појасот Газа и меѓународни гаранции дека Хамас нема одново да ги наполни своите резерви со ракети, како и дека ќе престане со изградбата на нови тунели кои од појасот водат кон територијата на Израел, пишува „Њујорк Тајмс“.

Американскиот весник не открива од кого израелската Влада бара меѓународни гаранции за демилитаризацијата, но забележува дека Хамас, поддржуван од палестинската власт, инсистира на укинување на неколкугодишната блокада на Појасот, што ја спроведува Израел, како и Египет, од јужната страна на границата.

Откритието на овој весник доаѓа непосредно по започнувањето на 72 часовниот хуманитарен и безусловен прекин на огнот, што започна во 8 часот изутринава по локално време и по соопштението од Каиро дека претставници на израелската влада и на Хамас се наоѓаат во египетскиот главен град, каде со посредство на Египет, се настојува да се изнајде подолготраен прекин на огнот.

Сите досегашни обиди да се дојде до едно такво решение не успеаја, а странските набљудувачи во Каиро веруваат дека и двете страни би биле задоволни со долготраен прекин на огнот, што би бил сличен на договорите постигнати по воените конфликти во 2009 и 2012 година.

Палестински извори тврдат, рано утринава, непосредно пред да почне да важи прекинот на огнот, биле убиени 14 Палестинци, по израелски тенковски и воздушен напад.

Изрелската војска, пак, соопшти дека петмина нејзини војнци се убиени доцна, ноќеска, во минофрлачки оган, близу до границата со Газа.

Во Ерусалим се тврди дека пред започнувањето на примирјето, Хамас има лансирано шест нови ракети кон израелската територија, но сите биле уништени од антиракетниот одбранбен систем со кој располага израелската армија.

Воени извори тврдат дека војската веќе има „неутрализирано“ 70 до 80 отсто од тунелите преку кои исламистичките екстремисти навлегуваат на територијата на Израел, како и дека на армијата и се потребни уште „неколку денови“ за да бидат уништени сите тунели.

Во досегашниот конфликт, загинаа 1450 Палестинсци, 61 израелски војници, двајца цивили и еден државјанин на Тајланд.

Во Газа живеат 1,7 милиони жители, или по 4500 луѓе на еден квадратен километар. Израел навлезе во Појасот, што дотогаш беше под контрола на Египет, по јунската војна во 1967 година.

Со еднострана одлука на изрелската Влада, во 2005 година, од Газа се повлекоа сите израелски војници и еврејските доселеници кои дотогаш се населија на оваа територија. За израелската Влада, заминувањето од Појасот значи крај на окупацијата, но Израел и понатаму спорведува строга контрола на границата, изградувајќи безбедносен појас длабок 3 километри, по целата должина на границата со Газа, го контролира воздушниот простор и преку него оди и снабдувањето со вода.

По победата на Хамас во Појасот, а особено откако исламистичките екстремисти во меѓусебна пресметка го елиминираа Ал Фатах кој дотогаш управуваше со Газа, израелските власти воведоа блокада на Појасот, што од југот ја одржува Египет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...