Израелските граѓани сметаат дека

Нема победници во војната во Газа

Ерусалим, 6 август 2014 (МИА) - Според повеќето Израелци „никој“ не е победник во војната меѓу Израел и Хамас, откако вчера стапи во сила тридневното примирје меѓу двете страни, покажуваат денеска објавените податоци од истражувањето во еврејската држава.

На прашањето како ги оценуваат во оваа етапа резултатите од израелската операција во Појасот Газа, која започна на 8 јули, 51 отсто од анкетираните Израелци одговориле дека не извојувале победа ниту Израел, ниту Хамас.

Триесет и шест проценти од граѓаните сметаат дека Израел е победник, а шест отсто тврдат дека тоа е Хамас.

Анкетата покажува и дека за 56 отсто од израелското население целите кои ги постави Владата за уништување на тунелите меѓу Појасот Газа и Израел, се само делумно постигнати.

Седумдесет и седум проценти од испитаниците даваат „одлична“ или „добра“ оценка за начинот на кој премиерот Бенјамин Нетанјаху ја спровел израелската офанзива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...