Мудрите емири на Катар

Пазарење со Израел, поддршка за Хамас, контакти со Техеран, добри односи со САД:
На прв поглед Катар моментално води контрадикторна надворешна политика, но тоа би можело да му помогне да добие на важност.

Катар е парче земја, голема колку половина Словенија, со едвај нешто повеќе од 250.000 жители. Овој емират во Персискиот Залив моментално игра многу поголема меѓународна улога отколку што може да се замисли, со оглед на големината на земјата. И тоа не поради Светското првенство во фудбал кое треба да се одржи во 2022 година, туку поради улогата која Катар моментално ја има во конфликтите на Блискиот исток.
 
Засолниште на Хамас

Овој емират е главен патрон на Хамас, неговото водство обезбедува засолниште. Тука живее и од далеку управува со Хамас, шефот на оваа екстремистичка организација, Калед Мешал. И само поради тоа Катар е трн во око на Израел.

- Катар му помага на Хамас и го искористува за свои потреби, но не прави притисок каков што би можел – гневен е израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на државното раководство во Доха.

Катар беше медијатор и при еден неуспешен обид да се воспостави примирје помеѓу Израел и Хамас. Но, Катар не ја става својата посредничка улога во прв план. – Ние не тврдиме дека преземавме некоја посебна мировна иницијатива, но ги застапуваме интересите на палестинскиот народ и мислам дека на нив им е важно овие интереси да бидат и исполнети. – изјавил катарскиот министер за надворешни работи Калед бин Мухамед ал Атијах. Хамасовиот шеф Мешал побегнал во Катар пред две години кога се замерил со својот тогашен домаќин, сирискиот претседател Башар ел Асад, застанувајки на страната на опозицијата.

Вашингтон молчи поради воените бази

Катар  биле единствена земја која обезбедила засолништво на лидерот на палестинските екстремисти. – Катар има долга традиција да обезбедува засолниште на оние кои никој не ги сака, - вели Давид Робертс од британскиот институт РУСИ во Доха. А, Мешал и Катар баш и не одат. Катар е монархија, а Хамас идеолошки ги следи Муслиманските браќа кои одбиваат секаков вид монархија, а принцовите и емиратите ги нарекуваат паразити.

Но, од 2012 година кога тогашниот катарски емир, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани ја посетил Газа и со тоа ја прекинал израелската блокада, Катар во Појасот Газа го ужива статусот на спасител. Од тогаш Катар на Газа и помага во бројни финансиски проекти, пред се во секторот на социјални станбени изградби. Катар нагласува дека помагајќи на народот не му помага на Хамас. Хамас навистина од емиратите во заливот не добива ни дел помош која пред тоа ја примал од Сирија или Иран. Катар никогаш не ја криел поддршката за Хамас и тоа на многумина им е трн во око, особено на САД. Но, Вашингтон кога и да го користи Катар како воена база, критиката ќе биде умерена, смета Давид Робертс.

До Хамас преку Доха

И Израел до неодамна имаше канцеларија за трговски односи, но е затворена после отворените критики на Катар на сметка на израелската политика. Сепак, Катар и Израел никогаш во целост не ги прекинале врските. Катар се залага за реалистично решение за блискуисточниот конфликт и отворено се спротивставува на тврдокорните во внатрешноста на Хамас. Катарските дипломати  во секој случај имаат талент кога е во прашање поврзување на неповрзливото. Владетелите во Доха успешно ги одржуваат добрите односи со спротивставените страни, не само кога се Израел и Хамас во прашање, туку и Техеран и Вашингтон, Кабул и талибанците. – Една толку мала земја како што е Катар и нема друг избор – смета египетскиот политички научник Шад Хамид. Едно е сигурно: Мир на Блискиот исток не ќе може да се постигне без Хамас. А, кој сака контакт со Хамас, најдобро е да му се обрати на Катар.

Дојче Веле - Бон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...