ВИДЕО: Џихадистите во северен Ирак егзекутираа американски новинар

Багдад,20 август 2014 (МИА) - Џихадистите од исламистичката сунитска група Исламска држава (ИД),емитуваа на интернет видео снимка на која е прикажано убивањето  американски новинар.

Станува збор за Џејмс Фоли,фриленс новинар кој беше заробен од исламистите во Сирија,пред крајот на 2012 година.

Во соопштението на џихадистите се вели дека убиството на Фоли,со отсечување на главата,е „одмазда за американското бомбардирање“ врз позициите на Исламска држава во Северен Ирак.

Засега нема независна потврда за јавната ликвидација на новинарот,ниту за оригиналноста на видео снимката.

Фоли е прикажан како коленичи,додека го држи еден од џихадистите кој е целосно маскиран за да не може да биде идентификуван.

Целата сцена,според сликата треба да означи дека се случува во пустински пејзаж,а исламистичкиот милитант кој го чита текстот што оди со снимката,зборува англиски јазик со британски акцент.

Видео снимката е означена како „Порака до Америка“ и таа треба да биде предупредување до САД за одмазничките акции против американските интереси и против Американци во регионот како одмазда за американското мешање во Северен Ирак.

Во тој дел од земјата, џихадистите на просторот што го имаат претходно освоено, настојуваат да созададат исламсистички калифат,откако ќе ги прогонат и ќе ги убијат ги сите кои живеат таму,а и репортер не се сунити-Јазидите,ирачките христијани и сите шиити.

Џејмс Фоли е подолго време присутен на Блискиот Исток,работејќи како известувач за разни весници и новински агенции,вклучувајќи ја и француската АФП.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...