Најмалку 36 загинати при лизгање на земјиштето во Јапонија

Токио, 20 август 2014 (МИА) - Најмалку 36 луѓе загинаа, а седуммина се водат како исчезнати при лизгање на земјиштето во јапонскиот град Хирошима во текот на минатата ноќта, како последица на обилните дождови што изминативе денови го погодија регионот.

Жртвите биле жители на куќи што ги зафатило свлечиштето во неколку населби во овој град во западниот дел на Јапонија.

Спасувачките екипи трагаат по исчезнатите лица за кои се претпоставува дека останале затрупани од свлечиштето. 

Јапонската служба за вонредни состојби информира дека при лизгањето на земјиштето се повредени 15 лица, од кои две се наоѓаат во критична состојба. 

Државната метеоролошка агенција информира дека поројните дождови во реонот на Хирошима ќе продолжат, што го зголемува ризикот од нови лизгања на земјиштето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...