Тајланд ја зајакнува контролата за спречување на изнајмувањето на сурогат мајки

Бангкок, 20 август 2014 (МИА) - Тајландските воени власти соопштија дека најдоцна за еден месец ќе усвојат закон според кој изнајмувањето на млади девојки и жени од оваа држава за сурогат-мајки за странциќе ќе се смета за кривично дело со прилично високи парични и затворски казни.

Акцијата за запирање на мошне развиеениот систем за користење на жителките на Тајланд за раѓање на деца чии татковци се од Јапонија, Австралија, Велика Британија, САД и некои европски држави властите ја започнаа по откривањето на најмалку 200 бебиња на возраст од една до три години родени во Тајланд, кои чекале да ги преземаат странци.

Тајландските медиуми денеска пишуваат дека со ДНК тестови е потврдено дека еден Јапонец, син на богат сопственик на фабрика за електронска опрема, е биолошки татко на 19 децаоткриени во Бангкок. Јапонецот доброволно испратил сопствен примерок за утврдувањето на сродноста со ДНК тестови, но неговото претходно најавено доаѓање во Тајланд, според медиуми во Токио, е одложено на подолго време.

Нехуманата постапка на странците во Австралија и Јапонија се оправдува со фактот дека и сурогат мајките и установите во кои малите деца се чувале до преземањето, ако ништо повеќе, било одлично платена работа за сите Тајланѓани кои се вклучени во оваа комерцијална меѓународна размена на нов пород.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...