Армијата и полицијата во Индонезија повторно на висок степен на подготвеност

Џакарта, 20 август 2014 (МИА) - Армијата и полицијата во Индонезија од денеска повторно се во висок степен на подготвеност во очекување на одлуката на Уставниот суд на Индонезија по повод жалбата на претседателскиот кандидат Прабово Субианто, кој загуби на изборите за претседател оддржани на 9 јули од Јоко Видодо со над осум милиони гласови разлика.

Уставниот суд е последна инстанца која одлучува по тужбата на Субианто за наводно лажирање на изборите и својата одлука мора да ја соопшти најдоцна до 23 август.

Војската и полицијата претпоставуваат дека се реално можни судири меѓу симпатизерите на двајцата претседателски кандидати. Во главнот град Џакарта се допремени уште 35.000 припадници на индонезиската армија, а врховниот командант генералот Молдоко издал наредба за готовност во сите касарни.

Степенот на висока готовност ќе трае и најмалку три дена по објавувањето на одлуката на Уставниот суд.

Речиси никој во Индонезија не верува дека Судот ќе ја оспори победата на Јоко Видодо, но непредвидливи се реакциите на поранешниот генерал Субианто и неговите симпатизери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...