Истражување:

Кои се најдобри градови за живот во светот

Лондон, 21 август 2014 (МИА) - „Економист интелиџенс јунит“ (ЕИУ) повторно го прогласи Мелбурн за најдобар град за живот во светот, а на листата меѓу топ 10 градови дури седум се во Австралија и Канада, додека некои светски метрополи како Лондон и Њујорк не се наоѓаат ниту меѓу првите 50.

Според истражувањето на ЕИУ, на второ место се наоѓа Виена, на трето Ванкувер, а потоа следуваат Торонто, Аделејд, Калгари, Сиднеј, Хелсинки, Перт и Окланд.

Цирих се наоѓа на 11 место, Женева на 12, Стокхолм на 15, Париз на 17, а следуваат Франкфурт, Токио, Берлин, Копенхаген, Осло, Луксембург, Амстердам, Брисел и Минхен.

Вашингтон, Атланта, Чикаго, Мајами, Детроит, Бостон, Сиетл и Лос Анџелес ги заземаат од 35 до 42 место.

Даблин е на 46 место, Милано и Рим на 48 и 49, а Будимпешта е 50-ти најдобар град за живот во светот.

Од 140 градови, кои се опфатени во извештајот, на самото дно се наоѓаат Дамаск, Дака, Лагос, Карачи, Алжир, Хараре, Триполи и Абиџан.

Меѓу критериумите на ЕИУ за одредување на рангот се стабилноста, здравствените услуги, образованието, безбедноста, климата, нивото на корупција, културните и спортски активности, инфраструктурата, поврзаноста со светот, густина на населението, квалитетот на јавниот превоз, нивото на загаденост, зелените површини...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...