Свлечиштата во Хирошима однесоа 39 животи

Токио, 21 август 2014 (МИА) - Најмалку 39 лица загинаа, а 51 се водат како исчезнати во одроните и свлечиштата предизвикани од обилните дождови што ја погодија Хирошима, град на западот од Јапонија. соопшти денеска полицијата.

Спасувачките екипи и натаму интензивно се обидуваат да дојдат до луѓето кои останале заробени под урнатините на десетиците затрупани куќи.

Јапонската служба за вонредни состојби соопшти дека 13 лица се потешко повредени.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе вчера нареди „интегрирана спасувачка операција, со внимателност поради можни натамошни врнежи“ и побара да се зголеми бројот на војници кои учествуваат во спасувањето на неколкуте стотици загрозени лица.

Државната метеоролошка агенција предупреди на силни врнежи во ова подрачје, што го зголемува ризикот од натамошни свлечишта на местата на кои веќе има огромни количества кал.

Јапонија последните недели е погодена од невообичаено силни врнежи што предизвикаа повеќе свлечишта и поплави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...