ХРВ: Нема правда за жртвите од хемискиот напад кај Дамаск

Бејрут, 21 август 2014 (МИА) - Жртвите на нападот со хемиско оружје во предградието на сирискиот главен град Дамаск, што се случи пред точно една година, се уште не дочекаа казнување на виновниците, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ).

- Тоа беше најголемиот напад со хемиско оружје откако ирачката Влада употреби хемиски агенси против Курдите во 1988 година. Но, и покрај тоа досега никој не беше повикан на одговорност за нападот кај Дамаск, се наведува во соопштението на организацијата.

На 21 август минатата година беше извршен напад со хемиско оружје врз дамаското предградие Гута, кое беше под контрола на сириските бунтовници.

Властите во Дамаск и бунтовниците меѓусебно си ја префрлаа одготоврноста за нападот, за кој, според ХРВ, „постојат докази што наведуваат на сомнеж дека го извршиле владините сили“.

По овој напад под притисок на меѓународната заедница лани во септември Дамаск се согласи на предавање и уништување на целото свое хемиско оружје.

- Предавањето на хемиското оружје од страна на Сирија не е од никаква помош за жртвите на нападот од пред една година и нивните блиски. Затворање на поглавјето поврзано со сириското хемиско оружје ќе биде можно дури откако ќе бидат повикани на одговорност и казнети оние кои го наредија и извршија нападот во Гута, се нагласува во оопштението на „Хјуман Рајтс Воч“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...