Иран негира дека изразил подготвеност за помош во борбата против групата „Исламска држава“

Дубаи, 22 август 2014 (МИА) - Иран негираше да изразил подготвеност да помогне во борбата против џихадистите од групата „Исламска држава“ во замена за напредок во преговорите со светските сили за нуклеарното прашање, пренесоа британските медиуми.

Франција претходно неделава соопшти дека бара арапските држави, Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН да ги координираат своите активности против „Исламска држава“, чии борци контролираат големи делови од Сирија и Ирак.

Официјалната иранска агенција ИРНА вчера соопшти дека министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјавил: ако Иран се согласи да направи нешто во Ирак, другата страна во преговорите треба да направи нешто во замена“.

Подоцна, меѓутоа, ИРНА го цитираше портпаролот на Министерството за надворешни работи, Марзие Афхам, кој ги отфрли „информациите од некои информативни агенции за иранско-американска соработка во Ирак“.

-Овие информации се погрешна интерпретација на зборовите на шефот на дипломатијата и се целосно неосновани, рече тој, цитиран од ИРНА.

Информацијата со коментарите што му се припишани на Зариф, и денеска стои на сајтот на ИРНА, но зборот „Ирак“ е испуштен.

Според помошник портпаролот на Стејт департментот, Мари Харф, министерот Зариф зборувал не за Ирак,туку за Арак - местото во кое Иран има истражувачки реактор со тешка вода, акој е објект на преговори меѓу светските сили и Техеран.

-Тој зборуваше за постигнување напредок во Арак, нуклеарната инсталација, во чија замена треба да бидат кренати западните санкции, изјави Харф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...