Платениот убиец на наркобосот Ескобар пуштен на слобода по одлежани 22 години затвор

Попај призна 300 убиства

Богота, 27 август 2014 (МИА) - Платениот убиец на злогласниот наркобос Пабло Ескобар е ослободен по одлежаните 22 години затвор заради десетици убиства во  текот на златниот период од трговијата со кокаин, во 80-те години на минатиот век, пишува денеска британски „Гардијан“.

Џон Хаиро Веласкес, попознат по прекарот Попеј, вчера беше пуштен на слобода од добро чуваниот затвор Комбита во Колумбија, откако отслужи околу три петтини од казната и поради одобреното намалување на казната заради добро однесување и образование во затворот.

Веласкес (52) беше главниот платен убиец на Ескобар во текот на најкрвавите денови на делувањето на злогласниот Меделински картел, што во САД и Европа испорачуваше кокаин вреден со милијарди долари.

На судењето овој „многу продуктивен“ убиец призна дека убил стотици непријатели (околу 300) на Ескобар во судирите меѓу бандите од подземјето, во борбите за територии или за заштитата на трговските патишта.

Веласкес, во низа интервјуа, во пресрет на предвременото пуштање на слобода, наведе дека „има 80 отсто шанси“ да биде убиен откако ќе биде пуштен од затвор.

Заради заканите од одмазда на ривалите од претходно сторените убиства, Веласкес најави дека размислува за селење во странство и продажба во Холивуд на правата за екранизација на својата автобиографија и „животот покрај Ескобар“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...