ОН: Сирискиот конфликт веќе создаде три милиони бегалци

Женева, 29 август 2014 (МИА) - Над три милиони Сиријци се избегани од граѓанската војна која ја опустоши нивната земја и веќе ги претвори во бегалци, покажуваат податоците на Високиот комесаријат за бегалци.

Само во 2013 година бројот на сириски бегалци се зголемил за милион лица.

„Кризата со сириските бегалци се продлабочува. Таа денеска го мина новиот праг со рекордната бројка од три милиони лица, принудени да ги напуштат своите домови“, се наведува во сооопштението на комесаријатот.

Во оваа статистика не се вклучени стотиците илјади Сиријци кои избегале од земјата, но не се регистрирани како бегалци, дополнува комесаријатот.

Тригодишната војна во Сирија, што почна во март 2011 година, веќе го однесе животот над 191.000 лица.

Во самата Серија има околу 6,5 милиони жители кои заради војната се преместиле од едно на друго место. Тоа значи дека приближно 50 проценти од сите Сиријци биле принудени да ги напуштат своите домови. Половината од овие луѓе се деца.

Повеќето од сириските бегалци во околните земји се наоѓаат во Либан (1,14 милиона лица), во Јордан се 608.000 лица и во Турција 815.000 лица. Овој доток на луѓе врши притисок и врз економијата и врз инфраструктурата на овие држави.

Донаторите досега собраа 4,1 милијарди долари за помош на засегнатите од сирискиот конфликт, но до крајот на годината се неопходни уште две милијарди долари за да се одговори на итните потреби на сириските бегалци, посочува високиот комесаријат на ОН за бегалци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...