Со камери против затворени јавни куќи

Џакарта, 29 август2014 (МИА) – Градоначалничката на Сурабаја, вториот по големина град во Индонезија, се пофали дека од својот кабинет на екран, штo е поврзан со 16 камери, следи дали има некакви секс активности во квартот за проституција, која таа го затвори на 16 јули.

Градоначалничката, Три Рисмахарини соопшти дека со помош на повисоките власти од провинцијата обезбедила своевидна отпремнина, од по 400 долари, на 1.020 проститутки  и 311 сводници кои работеле во најголемиот центар за легална проституција во Југоисточна Азија.

По одлуката за затворање на квартот за проституција, наречен „Доли центар’’, по името на првата сопственичка на бордел отворен во Сурабаја во 1967 година имаше реакции и на вработените и на клиентите. Проститутките од овој кварт реагираа со двонеделни протести против одлуката на властите за затвoрање на објектите, но локалите за секс беа затвoрани со асистенција на полицијата.

Водачите на протестите на проститутките и газдите на локалите се уште тврдат дека нивниот бизнис во Сурабаја е затворен, не од морални, туку од финансиски причини. Тие тврдат дека на местото каде што е црвениот кварт локалните власти ќе градат административни и комерцијални објекти, кои поради тоа што се во строгиот центар на Сурабаја ќе бидат значително поскапи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...