Новата сириска Влада положи заклетва

Дамаск, 1 септември 2014 (МИА) - Новиот состав на сириската Влада, предвоена од премиерот Надер ал Халки положи заклетва пред претседателот Башар ал Асад, кој пред министрите ја постави задачата да ја повратат довербата на граѓаните. 

Според Асад кабинетот треба да покаже нов стил на работа, без грешките од претходниот период. 

- Дејноста на органите на извршната власт на сите нивоа треба да биде транспарентна и убедлива, нагласи сирискиот претседател.

Меѓу приоритетите на новата Влада, кои Асад ги спомена се борбата против корупцијата, справување со инфлацијата и обезбедување на социјална правда.

Тој ја потенцира неопходноста од натамошно подобрување на правната рамка и механизмите за управување со кризи. 

- Нашите главни предизвици и натаму се проблемите со безбедноста и војната против терористичките групи, рече Асад. 

Составот на новата Влада беше објавен во средата. Во него 19 министри од претходниот кабинет ги задржуваат функциите, меѓу кои се клучите министерства, како тие за одбрана, надворешни и внатрешни работи. Меѓу останатите 15 министри, кои влегуваат во новиот состав е и соперникот на сирискиот лидер на претседателските избори на 3 јуни, Хасан ал Нури. Тој ќе го предводи новоформираното Министерство за административен развој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...