Австралија ги зајакна санкциите против Русија

поради Украина

Камбера, 1 септември 2014 (МИА) -  Австралија денеска ги зајакна санкциите против Русија во согласност со политиката на САД и Европската унија како одговор на „отворено кршење на украинскиот суверенитет“.

Австралискиот премиер, Тони Абот ја обвини Русија за „дрзок обид да ја отцепи источна Украина од другите земји“.

- Доколку руските сили останат во Украина, доколку Русија продолжи во својот обид да растури една соседна држава, ризикува да стане изолирана на меѓународен план, рече Абот во австралискиот Парламент.

Со новите санкции Австралија ги прошири претходно воведените финансиски санкции и забрани за патувања. Со тие санкции, кои Камбера ги воведе во март се забранува трговија со оружје со Русија, се забранува пристап на руските државни банки на австралискиот пазар на капитал и се забранува трговијата на руска нафта и гас.

Сега воведените финансиски санкции и забрани за патување се воведуваат за дополнителни 63 руски и украински лица и 21 правно лице, со што вкупната бројка се зголеми за 113 лица и 32 правни лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...