И исламистите и владините сили во Ирак вршеле злосторства

Женева, 1 септември 2014 (МИА) - И исламистичките борци и силите на ирачката Влада убивале цивили и вршеле злосторства во тримесечните судири во Ирак, изјавија високи претставници на Обединетите нации денеска во Женева на итната вонредна седница Советот на ОН за човекови права.

- Постои „силен доказ“ дека припадниците на џихадистичката организација „Исламската држава“ и групите поврзани со неа извршувале убиства врз цивили, принудна промена на верата, киднапирања, сексуални злоупотребувања и тортури, изјави заменик-високиот комесар на ОН за човекови права, Флавија Пансијери.

Ирачката полиција убивала затвореници, додека ирачките војници гранатирале и бомбардирале градови, каде загинале и биле ранети голем број цивили, изјави таа на седницата на Советот на ОН за човекови права.

- Систематските и намерните напади врз цивили можат да бидат воени злосторства и злосторства против човештвото. Одредени лица, вклучувајќи и команданти се одговорни за овие постапки, рече Пансијери.

Таа изрази голема загриженост поради протерувањето на христијани, јазиди, шиити, Туркемни и други етнички заедници, кои ги врши „Исламска држава“, која од јуни зазеде големи делови од западен и северен Ирак, протерувајќи 1,2 милиони Ирачани од нивните домови.

Денешната седница е свикана на барање на Ирак, со поддршка на сојузниците меѓу кои се и САД. Се очекува дека дебатата, во која учествуваат 47 земји да заврши со договор да се исполни барањето на Багдад за испраќање експертски тим ОН, кој треба да спроведе истрага за злосторствата, кои ги извршиле „Исламска држава“ и другите страни во тие судири.

Ирачкиот министер за човекови права, Мухамед Шија ал Судани изјави во текот на дебатата дека „Исламската држава“ извршила варварски злосторства врз цивилите во Ирак и дека таа организација претставува закана за територијалниот интегритет на Ирак, но и глобална закана.

ОН објавија дека во судирите во Ирак во август загинале најмалку 1.420 луѓе, а најмалку 1.370 се ранети. Овие податоци не ја  опфаќаат провинцијата Анбар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...