Лавров и Муалем: Нема насилно решение за сирискиот конфликт

Москва, 1 септември 2014 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Русија и Сирија, Сергеј Лавров и Валид ал Муалем, во телефонски разговор подвлекле дека не постои варијанта за насилно решение на крвавиот вооружен внатрешен конфликт во Сирија, пренесе ИТАР-ТАСС.

„Сириското Министерство за надворешни работи ја потврди подготвеноста на Дамаск да ги координира своите чекори во областа на борбата со тероризмот со претставниците на меѓународната заедница во контекст на исполнување на резолуцијата 2170 на Советот за безбедност на ОН“, соопшти руското Министерство за надворешни работи по разговорот.

„Лавров и Ал Муалем подвлекоа дека за крвавиот вооружен внатрешен конфликт во Сирија нема насилно решение и може да биде регулиран само со политички и дипломатски средства“, се додава во соопштението.

„Во врска со ова беа разменети мислења за можните форми што ќе овозможат обновување на напорите за постигнување помирување во Сирија“.

Министрите ги разгледале и последните настани во Сирија во контекст на засилената терористичка закана во земјата и во регионот од агресивните дејствија на борците на џихадистичката група „Исламска држава“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...