Багдад, 1 септември 2014 (МИА) - Ирачкиот премиер во заминување Нури ал Малики изјави денеска дека Ирак ќе биде „гробница за џихадистите“, откако го посети шиитскиот град Амерли кој е ослободен по 11 недели опсада.
- Ирак ќе биде гробница за припадниците на Исламската држава (ИД), истакна Малики.
Ирачките безбедносни сили, шиитските милиции и курдските борци започнаа во саботата голема операција за деблокирање на Амерли, кој е населен главно со курдско и шиитско население.