Џихадистите објавија снимка на обезглавување на британски хуманитарец

Припадници на џихадистичката организација Исламска држава објавија видео запис на кој е прикажано обезглавување на британскиот хуманитарец Дејвид Хејнс.

Снимката на ликвидирањето на 44-годишниот Хејнс, кој беше киднапиран минатата година додека беше во мисија на француската агенција АЦТЕД во Сирија, е насловена како „Порака до сојузниците на Америка“.

Видеозаписот почнува со извадок од говорот на британскиот премиер Дејвид Камерон во кој тој говори за соработката со ирачката Влада и курдските сили во борбата против џихадистите.

- Овој Британец мора да плати поради вашите ветување Камерон за вооружување на кордските борци против Исламската држава, вели маскиран маж кој говори англиски со британски акцент, додека крај него Хејнс клечи на колена.

Потоа на снимката е прикажано отсекувањето на главата на Хејнс, а записот завршува со прикажување на уште еден заложник крај кој стои џихадист кој се заканува дека и него ќе го убијат ако Камерон продолжи да ја поддржува борбата против Исламската држава.

Ликвидирањето на Хејнс веднаш го осудија Камерон и амариканскиот претседател Барак Обама.

Според Камерон, убиството на Хејнс претставува чин на „крајно зло“ и вети дека извршителите на ликвидацијата ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

- Тоа е убиство на невин хуманитарен работник. Тоа е чин на крајно зло, нагласи Камерон.

Обама исто така го осуди, како што рече, „варварското убиство“ на Хејнс и вети дека САД ќе соработуваат со Велика Британија за откривање на убијците и нивно казнување.

- САД стојат крај својот близок пријател и сојузник во жалта и решителноста за изведување пред правдата на сторитеклите на овој одвратен чин и за уништувањето на заканата за нашите земји, регионот и светот, порача Обама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...