Референдумот во Шкотска е позитивен знак на Тексас

Сан Антонио, 17 септември 2014 (МИА) – Претстојниот референдум за независност на Шкотска е позитивен знак на поддржувачите на кампањата за одделување на Тексас од САД.

Претседателот на Националното движење на Тексас Даниел Милер, кој се залага законодавниот орган на државата да го постави прашањето за одделување на Тексас од Вашингтон на гласање на државен референдум, го оцени шкотското гласање на 18 септември како позитивен сигнал.

- Ако Шкотска може да го направи тоа, тогаш може и Тексас, изјави Милер.

Според него Тексас, кој е најголем производител на говедско месо и нафта во САД, би бил 12. по големина економија во светот, пред Мексико и Шпанија.

Движењето за независност на Тексас се залага за независност на земјата од 90-тите години на минатиот век. Тексас има околу 27 милиони жители.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...