Странските работници во Малезија под јарем на долгови

Куала Лмпур, 17 септември 2014 (МИА) – Најмалку една третина од околу 350.000 странски работници кои се ангажирани во локалните и меѓународните компании за електроника се во незавидна ситуација, најмногу поради долгови за заеми што ги зеле од работодавачите.

Ова, според заклучок на угледната американска агенција „Верите’’ за испитување на кршења на основни права на работниците, ги доведува странските работници во Малезија во состојба на современо ропство. Агенцијата „Верите’’ со канцеларии во повеќе држави ја финансира министерството за труд на САД.

Модерното ропство, како што наведуваат во американската агенција, се спроведува во индустриска гранка од која Малезија остварува приход од над 75 милијарди долари. Истражувачите особено ги загрижиле податоците дека работници од Непал, Мјанмар и Индонезија, подложени на модерно ропство, работат и во фабрики кои се дел на меѓународните корпорации „Самсунг’’, „Сони’’, „Интел’’ и „Бош’’.

Пред две недели поради лоши услови за работа во Малезија се побунија околу 1.500 работници од Непал, но нивниот обид за протести го спречи олицијата, со лаконско објаснување дека странците се задолжени да ги почитуваат малезиските прописи за работни односи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...