Американец се обидел со пливање да влезе во С. Кореја

Сеул, 17 септември 2014 (МИА) - Јужнокорејските власти уапсиле Американец кој се обидел, пливајќи преку пограничната река Хан, илегално да влезе во Северна Кореја.

Американецот чиј идентитет не се открива, освен дека е на возраст меѓу 20 и 30 години, е уапсен и задржан на сослушување.

Инцидентот се случил во реонот на силно бранетата и чувана гранична линија меѓу двете корејски држави во демилитаризираната зона.

Според медиумите во Сеул, човекот бил откриен од една јужнокорејска погранична патрола, како лежи на брегот од реката Хан, пред препливувањето.

На сослушувањето тој изјавил дека сакал да влезе во Северна Кореја за да се сретне со нејзиниот лидер Ким Јонг Ун.

Обидот илегално да се влезе во оваа земја, препливувајќи ја реката во демилитаризираната зона, е ретка појава, која носи огромен ризик за ваквиот вид авантура.

На почетокот од овој месец, еден Јужнокореец беше убиен при обидот, пливајќи да влезе во Северна Кореја. Во 1996 година, еден 26 годишен Американец беше фатен и уапсен во тамошните власти, кога од кинеска страна, ја преплива реката Јалу и влезе во Северна Кореја.

Во Пјонгјанг тој беше задржан во притвор три месеци, пред да биде ослободен по преговорите со американските власти. За него се тврдеше дека инцидентот го предизвикал во пијана состојба.

Најновиот инцидент и апсењето во демилитаризираната зона, доаѓа откако минатата недела, севернокорејските власти го осудија американскиот државјанин Метју Милер на шест години тешка работа, под обвинување за „непријателско однесување“.

Американските медиуми тврдат дека тој ја „уништил“ влезната виза, затоа што сакал да остане да живее во Северна Кореја.

Покрај Милер, уште други двајца Американци се наоѓаат во севернокорејските затвори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...