Египетските власти наредија ослободување на 116 студенти

Каиро, 17 септември 2014 (МИА) - Јавното обвинителство на Египет одлучи да бидат ослободени 116-те студенти, кои беа уапсени за учество протести кои не беа одобрени од властите. 

- Сакаме тие да продолжат со учење и да бидат образовани, изјави египетскиот јавен обвинител, Хашим Баракат.

Според него, Обвинителството извршило детална истрага и го определила степенот на учество на секој од студентите во протестите.

Регионални набљудувачи наведуваат дека одлуката за ослободување на студентите е донесена во момент кога се водат дискусии околу претстојните измени во Законот за право на мирни собири, манифестации и протести на јавни места, кој беше усвоен во ноември 2013 година.

Главна одредба во него е забраната за било какви настани кои не се дозволени од властите, за што се предвидени апсења и парични казни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...