Главната задача на Гугл е да собира разузнавачки податоци

Лондон, 19 септември 2014 (МИА) - Главната задача на компанијата „Гугл“ е да собира разузнавачки податоци, изјави основачот на организацијата Викиликс, Џулијан Асанж во интервју за телевизијата Би-Би-Си. 

- Бизнис моделот на Гугл е да собира разузнавачки податоци. Тоа на компанијата и носи 80 проценти од заработувачката, истакна тој. 

Според Асанж Гугл собира информации за граѓаните, кои ги класифицира.

- Потоа изработува досие за граѓаните, со цел да ги предвиди нивните интереси и постапки, а потоа продава информации, во повеќето случаи на маркетинг компании, но и на други, нагласи тој. 

Асанж е уверен дека дејноста на компанијата практично се совпаѓа со таа на Агенцијата за национална безбедност и на британското електронско разузнавање „Штаб за врски со Владата“ (GCHQ).

- Гугл располага со сериозна маркетиншка сила. Логото на компанијата не ја буди помислата дека станува збор за голема и лоша американска корпорација, но фактики таа стана токму таква. Денес таа не највлијателна трговска организација во светот, нагласи Асанж.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...