Манила, 19 сптември 2014 ( МИА ) – Силни дождови што денеска паѓаат во Манила и околината го поплавија главниот град на Филипините, предизвикувајќи прекини во градскиот сообраѓај и пренасочување на авионските летови.За неполни 24 часа во Манила паднаа 268 литри вода на метар квадратен, што е над две третини од вкупното количество дожд што просечно овде паѓа во септември, месец што е дел од врнежливата монсунска сезона.
Над 4.000 семејства од едно предградие на Манила се евакуирани, а за целото подрачје на главниот град еважи највисокиот степен на тревога, бидејки се очекува кон Манила да се насочат и водите од околните планини, каде што дождот не престанува.