Студентите во Хонг Конг започнаа еднонеделен бојкот на наставата

Хонг Конг, 22 септември 2014 (МИА) - Илјадници студенти во Хонг Конг денеска почнаа еднонеделниот бојкот на наставата, одбивајќи да присуствуваат и да ги слушаат предавањата.

Студентите се собраа на Кинескиот универзитет во Хонг Конг, за да протестираат против спротивствувањето на официјален Пекинг, на предлогот за изборна реформа во оваа кинеска територија.

Бојкотот треба да биде вовед за многу погоемите демонстрации, предвидени за 1 октомври, кои ги организираат разните продемократски групи и активисти. Тој започна со протестно седење во студентскиот камп Ша Тин, одалечен неколку километри од центарот на градот.

Заедно со студентите во кампот, кој е дел од Кинескиот универзитет, протестираат и околу 400 професори и асистенти, како и технички перснал, давајќи им подршка на студентските барања.

Протестите избувнаа откако Кина го отфрли предлогот, за отворена номинација на кандидатите за највисоката функција во Хонг Конг, отфрлајжи на тој начин надежите на продемократските активисти за воспоставување на „целосна демократија“.

Властите во Пекинг, претходно, ветија дека од 2017 година во Хонг Конг ќе се воведе системот на директни избори за водечките функционери на градската власт, но минатиот месец, Кина соопшти дека прифаќа само гласање за листа од двајца или тројца кандидати, одобрени од посебен комитет за номинација.

Демократските активисти сметаат дека Пекинг ќе го користи овој комитет за да определува кој од луѓето би можел да биде кандидиран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...