Брисел, 23 септември 2014 (МИА) - НАТО соопшти дека не учествувал во воздушните напади, предводени од САД, против џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија.
- Нема учество на НАТО, изјавил официјален претставник на Алијансата.
САД и нивни арапски сојузници денеска извршија неколку десетици ракетни напади врз цели на ИД, меѓу кои кампови за обука, седишта и магацини со оружје, во североисточниот дел на Сирија.