Парадоските на американската политика на Блискиот Исток

САД нанесоа воздушни удари на позициите на терористите од Исламската држава во Сирија.

Принципиелно е важно што САД нанесува удари на позициите на Исламската држава на територијата на Сирија, не прашувајќи за дозвола за тоа од раководството на земјата. Таков приод предизвика критика од Москва. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во телефонски разговор со државниот секретар Џон Кери ги повика САД строго да ја почитуваат Повелбата на ОН и нормите на меѓународното право, како и да го почитуваат суверенитетот на Сирија.

Лавров ја подвлече важноста од координираните дејствија, без двојни стандарди и повика на воздржување од извртување на фактите во сириски контекст.

Според ставот на низа аналитичари, решавајќи се на таков демарш, Американците всушност се обидуваат по втор пат да го скршат режимот на Башар ал Асад, искористувајќи за тоа згодна прилика.

Зборува професорот на институтот на земјите на Азија и Африка на Московскиот државен универзитет Владимир Исајев.

Блискоисточната политика на САД се одликува со одредено безумие. Ако внимателно се погледне што се случува, единствени покрај Курдите кои се уште се спротивставуваат на Исламската држава, тоа се токму припадниците на регуларната сириска војска. Да се вооружува сириската опозиција, која САД ја сметаат за умерена и да се нанесуваат удари по регуларната сириска војска, значи да се јакне позицијата на Исламската држава. Американците треба да го променат својот однос кон состојбата и да ги обединат напорите со Дамаск.

Наместо тоа тие се обидуваат да се борат против тероризмот, истовремено уривајќи ги политичките режими кои сами по себе многу ефикасно излегуваат на крај со антитерористочките задачи.

Соочувајќи се со потребата да го оправда своето мешање во работите на суверените држави, Вашингтон бара каков било  повод кој му одговара на таа задача. Така експертите го прокоментираа соопштението за новата сириска екстремистичка група која се појави овие денови, на чело со блискиот соработник на терористот број еден Осама бин Ладен. Таа се вика Хорсан и како што смета американскиот печат насочена е на терористички напади во САД и други западни земји. Зборува водечкиот научен соработник на Институтот за ориенталистика РАН Станислав Иванов.

Соопштението во американските медиуми за опасноста во САД од страна на организацијата Хорсан стигна од американските специјални служби и најверојатно е само имитација на борбата против тероризмот, за да може некако да се оправдаат убиствата на граѓаните на западните земји во Ирак. Кога американските специјални служби навистина би добиле оперативни податоци за терористички напади кои се подготвуваат на нивната територија, тие не би ги објавувале во медиумите, туку би делувале тајно и превентивно. Можно е со цел за добивање на дополнителни финансирања ЦИА да шири слични податоци.

Ние не исклучуваме дека навистина Хорсан, како и групи на Ал-Каеда, постои и делува подолго во време на премолчена согласност од Вашингтон на територијата на Сирија против режимот на Башар Асад. Реалната опасност по меѓународната и регионалната безбедност потекнува од Исламската држава. А ова движење дигна глава не без помош од САД и неговите сојузници како што е Катар. Тешко дека некоја коалиција на земји во брзо време може да ги разбие, бидејќи движењето има широка поддршка од арапско-сунитското население на Ирак и Сирија.

Аналитичарите веруваат дека само воздушни напади не се доволни. Без поддршка од земјата операцијата е осудена на неуспех. На Американците тешко ќе им појде од рака да ги искористат стекнатите предности. Но тие предности веројатно ќе ги искористи Асад, чии трупи ќе ги докрајчат терористите, ослабени од бомбардирањето. Излегува дека се што прави Вашингтон, придонесува за јакнење на Дамаск. И во тоа се состои главниот парадокс на американската надворешна политика во регионот.

Гласот на Русија - Москва



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...