Столтенберг го превзема водењето со НАТО

Брисел, 1 октомври 2014 (МИА) - Поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг од денеска и официјално го превзема раководењето на НАТО, јавува дописникот на МИА од Брисел. Со официјална церемонија на дочек, организиран од заменик-секретарот на Алијансата, Александер Вершбоу, Столтенберг денеска и официјално влезе во седиштето на НАТО во Брисел како 13-ти генерален секретар на најголемата воено-политичка организација на светот.

- Среќен сум што сум тука, попладнево на прес-конференција ќе ги соопштам моите планови - им соопшти 55-годишниот Столтенберг на новинарите по неговиот влез во седиштето на НАТО. Според соопштението на Алијансата, Столтенберг ќе одржи официјална прес-конференција во 15:30 часот.

Она што ги зачуди присутните при влезот на Норвежанецот во НАТО беше неговата срдечност и отвореност кон сите. Тој дури се ракуваше со целиот персонал што го пречека. Сепак, неговиот личен фотограф Даниел Санум Лаутен, кој изминатите пет години го следи на сите настани, случувања позади сцената и се што му се случило во овој период од 2009 година, вели дека тоа е вистинскиот карактер на Столтенберг.

- Јенс Столтенберг е целосно различен од како што го кажуваат Андерс Фог Расмусен. Новиот генерален секретар на НАТО е повеќе достапен, отворен целосно за јавноста и луѓето и воопшто не е тежок за комуникација. Тој е многу отворен и за медиумите, љубезен и кога се појавува било-каде ги поздравува луѓето што ќе ги сретне, од челници на држави до чистачи на под. Тоа е неговиот стил! - коментира личниот фотограф на Столтенберг за МИА.

Според човекот кој пет години е на секој настан заедно со новиот раководител со Алијансата, Столтенберг лани по осум години премиерски стаж го загуби местото претседател на Владата на Норвешка.

Сепак, магистерот по економија овој период како лидер на опозициската Лабуристичка партија го искористил да патува низ својата земја и да разговара со обичните луѓе за да ги види одблиску нивните размислувања за норвешката иднина. Во овој поглед, познато е таксирањето на Столтенберг со позајмено такси-возило низ улиците на Осло, како дел од кампањата да ги слушне размислувањата на обичните луѓе, а што беше снимено со скриена камера.

- Освен лидер на опозицијата, Јенс во овој период ја заземаше и позицијата специјален советник за климатски промени на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун. А, за светската јавност стана најпознат кога Андерс Беринг Брејвик во терористички напад уби 77 лица, од кои најголем дел младинци од Лабуристичката партија на островот Утоја. Тоа многу го погоди Столтенберг, кој во тој момент беше премиер, посебно оти во минатото беше лидер на младите норвешки лабуристи. По ова тој доживеал тежок период, па како што го коментираат Норвежаните, тогаш и му побелела косата - коментира неговиот личен фотограф Лаутен.

Освен премиер, во својата политичка кариера, Јенс Столтенберг бил и министер за финансии, министер за индустрија и енергија и член на парламентот на Норвешка. Додека бил премиер, тој постојано ги зголемувал трошоците за норвешката одбрана, со резултат на тоа Норвешка денеска да е еден од сојузниците на Алијансата со највисока потрошувачка во одбраната по глава на жители.

Според официјалната биографија на Столтенберг што ја објави НАТО, тој исто така го предводел трансформирањето на норвешките вооружени сили, преку силен фокус на распоредливи високи способности.

Под негово водство, норвешката Влада придонесе норвешки сили да учествуваат во разни операции на НАТО ширум светот. Исто така, за време на неговиот мандат како премиер, Столтенберг често повикуваше НАТО да се фокусира на безбедносните предизвици во близина на сојузничките територија и беше силен поддржувач на зголемената трансатлантската соработка, вклучувајќи и подобра поделба на товарот преку Атлантикот.

НАТО и Европската Унија, Норвежанецот ги гледа како комплементарни организации во однос на обезбедувањето на мирот и развојот во Европа и пошироко. Јенс Столтенберг е во брак со Ингрид Шулеруд со која имаат две возрасни деца. Неговиот мандат на местото генерален секретар изнесува четири години со можност за продолжување на истиот за уште една година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...