Најмалку 18 лица загинаа во сирискиот град ХомсБејрут, 1 октомври 2014 (МИА) - Најмалку 18 лица, меѓу кои деца, загинаа во двоен бомбашки напад во сирискиот град Хомс. Најмалку 40 лица се ранети.
Нападите беа извршени во квартот Акрума, населен со алавити во центарот на Хомс.
Два автомобили бомби експлодираа во близина до училиште и до болница. Се очекува бројот на жртвите да се зголеми.
|