Хенри Кисинџер подготвувал план за напад врз Куба

Њујорк, 1 октомври 2014 (МИА) -  Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, пред безмалку 40 години, подготвувал детален план за воена интервенција на САД врз Куба, покажуваат владините тајни и доверливи документи, што сега првпат се појавуваат пред јавноста.

Во 1976 година, Кисинџер бил гневен на Кубанците, по воената интервенција на Куба во Ангола. Тој ја испитувал можноста како да и се возврати на Куба со „иста мерка“ доколку Фидел Кастро им нареди на кубанските војници да интервенираат и во некоја друга африканска земја.

Документите од библиотеката на тогашниот американски претседател Џералд Форд, откриваат дека бил изготвен нацрт-план за воздушни напади врз кубанските пристаништа и воените инсталации на оваа карибска земја, како и за интервенција на еден батаљон маринци, стационирани во мериканската база во заливот Гвантанамо, за да се „уништат“ и казнат кубанските воени сили.

Кисинџер беше државен секретар на САД, од 1973 до 1977 година. Во почетокот на својот мандат тој длабоко во сенка, зад очите на јавноста, работел за воспоставување на односи со Куба, целосно прекинати по мериканската блокада на „црвениот остров“ во времето на претседателот Џон Кенеди и ракетната криза во 1962 година.

Неговиот став кон Куба и Кастро се променила откако, кубанскиот лидер наместо обнова на американско-кубанските односи се определи за водење своја политика во Африка.

Интервенцијата во тогаш штотуку независната Ангола, богата со нафта, беше изведена за да им се помогне на левичарските сили кои ја презедоа контролата врз земјата, во нивната војна со анголските десни сили, кои наоѓаа засолниште во Јужна Африка.

Повеќе илјади кубански „доброволци“ ги загубија своите животи, војувајќи во анголската граѓанска војна, која заврши со повлекување на Кубанците кои по тешките загуби кои се уште не се прецизно обелоденети,се повлекоа од Ангола. Планот на Кисинџер затоа и не беше реалииран, останувајќи тајна безмалку четири децении.

Американските медиуми се обидоа да побараат изјава од Хенри Кисинџер, кој сега е во длабока старост и живее повлечено, но тој одби да ги коментира откритијата од времето кога беше државен секретар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...