Брзи факти за еболата

Еве неколку основни информации за еболата, вирусот со голема смртност кој беше првпат забележан во Африка во 1976 година.

Факти:

Хеморалгичната треска или еболата, е болест која ја предизвикуваат пет различни вируси на ебола. Четири од честичките можат да предизвикаат опасна болест кај луѓето и животните. Петата, вирусот рестон, предизвикува болест кај некои животни, но не и кај луѓето.

Првата хумана епидемија се појави во 1976 година, прво во северен Заир (сега Демократска Република Конго) во Централна Африка; а потоа и друга, во јужен Судан (сега Јужен Судан). Вирусот е наречен според реката Ебола, каде вирусот прво било откриен во 1976, велат од Центарот за контрола на болести и превенција (ЦДЦ).

Еболата е екстремно инфективна, но не и екстремно заразна. Инфективна е затоа што само мала количина може да ја предизвика болеста. Лабораториски експерименти врз нечовечки примати покажале дека дури и еден вирус може да биде доволен за да распали фатална инфекција.

Но еболата може да се смета за умерено заразна, затоа што вирусот не може да се пренесе преку воздухот. Кај најзаразните болести, како што се сипаниците и грипот, честичките од вирусот се пренесуваат преку воздухот.
Луѓето можат да се инфицираат од други луѓе ако дојдат во контакт со телесни течности од инфицирано лице или заразени предмети од инфицираното лице. Луѓето исто можат да бидат изложени на вирусот, на пример, со колење на инфицирани животни.

Иако се уште не се знае точниот извор на вирусот ебола, научниците веруваат дека негови природни носители се овошните лилјаци.

Симптомите на ебола вообичаено се: слабост, грозница, болки, дијареа, повраќање и стомачни болки. Други показатели се црвенило по кожата, зацрвенети очи, болки во градите, гребење во грлото, тешко дишење или голтање, и крварење (вклучувајќи и внатрешно).

Вообичаено, симптомите се појавуваат 8-10 дена по изложувањето на вирусот, но периодот на инкубација може да трае и до 21 ден.

Незаштитените здравствени работници се најподложни на инфекции заради нивните блиски контакти со пациентите за време на третманите.

Смртоносни хумани епидемии од ебола се потврдени во следниве држави: Демократска Република Конго, Габон, Јужен Судан, Брегот на слоновата коска, Уганда, Република Конго, Гвинеја и Либерија.

Според Светската здравствена организација (СЗО), „не постои специфичен третман или вакцина“ и стапката на смртност може да достигне до 90 проценти. На пациентите им се дава грижа преку внимание, што вклучува давање течности и електролити, и храна.

Постојат пет подврсти на вирусот ебола: заирски еболавирус (ЕБОВ), бундибугјо еболавирус (БДБВ), судански еболавирос (СУДВ), тај форест еболавирус (ТАФВ), и рестон еболавирус (РЕСТВ).

Статистики:

Во еден извештај од ЦДЦ стои дека од 1976 година до денес имало 5,987 забележани случаи на ебола, од кои 3,385 починале (до 29 септември 2014 година).

Хронологија: (вклучувајќи и епидемии кои резултирале со повеќе од 100 умирања или специјални случаи)

1976 – Првото откривање на ЕБОВ во Заир. При епидемијата биле забележани 318 заболени луѓе, од кои 280 починале. Епидемијата СУДВ се појавила во Судан кога биле забележани 284 случаи и 151 починувања.

1989 – Во Рестон, Вирџинија, се открило дека мајмуни макаки увезени од Филипините биле инфицирани со ебола вирус (подоцна именуван ебола-рестон вирус).

1990 – Во карантински одделенија во Тексас и Вирџинија четири луѓе развиле ебола антитела по контакти со мајмуните увезени од Филипините. Ниту еден од овие лица немале никакви симптоми.

1995 – При епидемијата во Демократска Република Конго (поранешен Заир) биле забележани 315 случаи и најмалку 250 починувања.

2000-2001 – Епидемијата во Уганда (СУДВ) резултирала со 425 случаи заразени лица и 224 починувања.

2001-2002 – Епидемијата на ЕБОВ која избила на границата на Габон со Република Конго резултирала со 53 починувања во Габон, и најмалку 43 смртни случаи во Република Конго.

Декември 2002-април 2003 – Епидемија на ЕБОВ во Република Конго резултирала со 143 забележени случаи и 128 починувања.

2007 – Епидемија на ЕБОВ избила во Демократска Република Конго, а од 264 пријавени случаи 187 луѓе починале. На крајот од 2007 година, епидемија во Уганда довела до смрт на 37 луѓе, а биле забележани 149 случаи.

Ноември 2008 – Детектиран е ебола-рестон вирус кај пет луѓе на Филипините. Тоа биле работници на свињарска фарма и во кланица, и тие немале никакви симптоми. Ова е прва ваква појава на вирусот рестон кај свињи.

26 август 2014 – Министерството за здравство на Демократска Република Конго ја известило СЗО за епидемија на ебола во земјата. Ова е седмата епидемија од 1976 наваму, кога вирусот бил за првпат регистриран во близина на реката Ебола. Епидемијата не била поврзана со епидемијата која веќе се случувала во Гвинеја, Либерија, Нигерија и во Сиера Леоне. До 24 септември, забележани се 70 случаи и 42 починувања во Демократска Република Конго.

Епидемијата во Западна Африка 2014:

Потврдени или забележани сомнителни случаи на ебола до 23 септември 2014 од страна на СЗО:

Гвинеја – 1074 случаи, 648 починати
Либерија – 3458 случаи, 1830 починати
Нигерија – 20 случаи, 8 починати
Сенегал – 1 случај, нема починати
Сиера Леоне – 2012 случаи, 605 починати

25 март 2014 – ЦДЦ го објавува првото соопштение за епидемија во Гвинеја, и извесува за регирстрирани случаи во Либерија и во Сиера Леоне. „Во Гвинеја вкупно се забележани 86 сомнителни случаи, и има 59 починувања (стапка на смртност 68,5 проценти) кои биле известени до 23 март 2014 година. Прелиминарните резултати од Институтот Пастер во Лион, Франција, покажале дека причината е заирскиот еболавирус“.

16 април 2014 – Во Њу Ингланд џурнал оф медисин бил објавен извештај во кој се шпекулира дека „пациентот нула“ во било двогодишно дете од Гвинеја. Детето починало на 6 декември 2013 година, а неговите мајка, сестра и баба во текот на следнот месец.

Јули 2014 – Патрик Соер, висок владин претставник во министерството за финансии во Либерија, починал во локална болница во Нигерија. Тој е првиот американец кој починал во она што сега офиицијално се нарекува „најсмртоносната епидемија на ебола во историјата на човештвото“.

Јули 2014 – Ненси Рајтбол, американка која работела ако хуманитарец во Либерија, била позитивно тестирана од ебола. Според Самаришан пурс, Рајтбол се инфицирала додека третирала пациент заразен со ебола во Либерија.

26 јули 2014 – Кент Брентли, медицинскиот директор на Центарот за управување со потврдени случаи при Самаришн пурс во Либерија, бил инфициран од вирусот ебола. Според Самраишн пурс, Брентли се инфицирал додека третирал пациент со ебола.

29 јули 2014 – Пис корпс (Мировниот корпус) известил дека ги повлекува своите волонтери од Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја.

31 јули 2014 – ЦДЦ го подига алармот на Трет степен. Се предупредуваат американските државјани да избегнуваат „неважни патувања“ во Сиера Леоне, Гвинеја и Либерија.

2 август 2014 – Специјално опремен авион кој го превезувал пациентот д-р Кент Брентли слетал во воената воздухопловна база Добинс во Мариета, Џорџија. Потоа тој со амбулантно возило бил превезен до Универзитетската болница Емори во Атланта.

4 август 2014 – Си-Ен-Ен извести дека три супертајни експериментални епрувети од лекот „Змап“ биле однесени во Либерија една недела претходно, како последен обид да се спасат Брентли и Рајтбол, велат извори кој се запознати со детали од ова лекување. Лекарите забележале „значаен напредок“ кај пациентите.

6 август – Ненси Рајтбол пристигнала во Емори во Атланта на лекување.

8 август 2014 – Експерти во СЗО објавуваат дека епидемијата на ебола во Западна Африка се разжестува, и дека е неопходна итно меѓународна акција и координиран глобален пристап, со што беше објавена најлошата епидемија во четиридецениската историја на следењето на болеста.

19 август 2014 – Претседателот на Либерија, Елен Џонсон Сирлиф, објави полициски час на територијата на целата држава, кој започнал на 20 август, и наредила две цели населби да бидат ставени во карантин, без можност никој да влегува ниту да излегува од областа.

21 август 2014 – Д-р Кент Брентли бил отпуштен од Универзитетската болница Емори. Исто било објавено дека Ненси Рајтбол била отпуштена во вторникот на 19 август. До нивно отпуштање од болницата дошло откако тимот во Емори биле сигурни дека Брентли и Рајтбол не претставуваат „никаква закана по јавното здравје“.

6 септември 2014 – Владата на Сиера Леоне најави дека планира затворање на целата држава, од 19 до 21 септември, со цел да се сопре ширењето на еболата. Затворањето било изведена повеќе како првенствено социјална отколку како медицинска кампања, во која волонтерите оделе од врата до врата за да зборуваат со луѓето.

16 септември 2014 – Претседателот Барак Обама ги нарече обидите за борба со епидемијата со еболата во Западна Африка „најголем меѓународен одговор во историјата на ЦДЦ“. Зборувајќи од седиштето на ЦДЦ во Атланта, Обама додаде дека „соочени со оваа епидемија, светот бара од САД да го предводат меѓународниот обид за борба против вирусот“. Тој рече дека САД е подготвена да ја преземе таквата лидерска улога.

30 септември 2014 – Д-р Томас Фриден, директорот на ЦДЦ, најави дека е дијагностициран првиот случај на ебола во САД. Лицето било хоспитализирано и излирано во Пресбитеријанската болница во Далас, Тексас, уште на 28 септември.

Си-Ен-Ен - Атланта



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...