ИД оствари значителен напредок во Ирак

Вашингтон, 16 октомври 2014 (МИА) - Групацијата „Исламска држава“ оствари значителен напредок во Ирак, изјави генералот од резервниот состав на САД и координатор на меѓународната коалиција, Џон Ален.

Тој на прес-конференција во Стејт департментот истакна дека воздушните напади врз позиции на ИД во Ирак и Сирија не водат „ниту до победници, ниту до победени“.

Генералот Ален по турнејата на Блискиот Исток, каде ги посети Ирак, Јордан и Турција нагласи дека земјите од коалицијата се едногласни дека воениот аспект е важен, но не и доволен за победа врз радикалната исламистичка групација.

Портпаролот на Пентагон, контраадмиралот Џон Кирби изјави дека во воздушните нападите за заштита на градот Кобане, кој се наоѓа на турско-сириската граница биле убиени неколку стотици борци на ИД, но оти се уште постои опасност градот да падне во рацете на групацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...