Ал Хусеин:

Еболата и ИД се две чуми, кои му се закануваат на светот

Женева, 16 октомври 2014 (МИА) - Новиот висок комесар на Обединетите нации за човекови права, Заид ал Хусеин изјави дека еболата и џихадистичката групација „Исламска држава“ се две чуми, кои му се закануваат на светот.

Според Ал Хусеин, кој денеска ја одржа својата прва прес-конференција, откако ја презеде функцијата од Нави Пилај пред шест недели и двете закани се развивале без препреки, игнорирани од светот, кој не го предвидел нивниот потенцијал. 

Ал Хусен нагласи дека агенцијата на ОН, со која тој раководи, почнала да изготвува препораки за земјите, засегнати од еболата, доколку е потребно да се воведе мерка за ставање на населението во карантин, бидејќи таквите мерки мошне лесно можат да нарушат серија човекови права, доколку се применуваат несоодветно. 

Високиот комесар за човекови права изјави дека борците од ИД, кои заземаат територии на Ирак и Сирија, преставуваат „жестоко движење, кое има потенцијал да изврши геноцид“.

- Тоа движење е производ на перверзниот и смртоносен брак меѓу новата форма на нихилизмот и дигиталната ера, додаде Ал Хусеин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...