Meксиканската федерална полиција презеде контрола врз 13 градови

Мексико Сити, 20 октомври 2014 (МИА) - Мексиканската федерална полиција презеде контрола врз 13 градови во јужно Мексико, каде локалната полиција е осомничена за поврзаност со организиран криминал, како и за можна поврзаност со исчезнувањето на 43 студенти, соопшти денеска мексикански официјален полициски претставник.

Сите овие градови се наоѓаат во радиус од 200 километри од Игуала, градот од кој пред три недели исчезнаа студенти по судирот со полицијата.

Меѓу градовите во кои федералната полиција ја презеде контролата се и туристичките дестинации Такско и Икстапан, во сојузната мексиканска држава Гереро.

Надлежните органи, кои го истражуваат исчезнувањето на студентите,  во 13 градови пронашле „нерегуларности“ и „основан сомнеж за поврзаност со организираниот криминал“, рече полицискиот комесар на Националната безбедност Монте Алехандро Рубидо.

Федералната полиција претходно ја разоружа локалната полиција во Игуала и Кокули и уапси 36 полицајци, додека градоначалникот и командантот на полицијата во Игуала се во бекство. Двајцата се обвинети за поврзаност со локалниот нарко картел Гереро Унидос, за кој се верува дека, заедно со полицијата, го извел исчезнувањето на студентите кон крајот на септември.

Потрагата по студентите се води по копно, вода и од воздух со помош на роднини и на Меѓународниот црвен крст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...