Надворешни сили вмешани во протестите во Хонг Конг

Хонг Конг, 20 октомври 2014 (МИА) - Надворешни сили се инволвирани во студентските продемократски протести, кои зафатија делови на Хонг Конг, а траат повеќе од три недели, изјави главниот администратор на овој кинески автономен регион, Леунг Си.

Леунг, кој ја даде својата изјава пред почетокот на утрешните преговори со студентските лидери, првпат споменува надворешно мешање, повторувајќи ги обвиненијата на централната Влада во Пекинг. Меѓутоа, ниту тој, ниту Пекинг не приложиле докази за ваквите тврдења.

 

Продемократските активисти во Хонг Конг, денеска, категорично ги отфрлија како невистините ваквите обвинувања. Демонстрантите го обвинуваат Леунг дека „дава неодговорни изјави“ како и дека за своите обвинувања не дава ниу еден доказ.

Демонстрациите во Хонг Конг продолжуваат и по три недели секојдневни протести, иако нивниот обем сега е помал од претходните недели.

Демонстрантите и натаму ги блокираат улиците, предизвикувајќи хаос во сообрачајот и комуникациите во делови од овој милионски град и важен финансиски центар во југоисточна Азија.

Студентите бараат слободни избори за локалните,самоуправни власти на оваа територија за изборите во 2017 година. Од пред 17 години, Хонг Конг престана да биде колонија на Велика Британија, откако владата во Лондон и ја врати оваа територија на Кина.

Демонстранциите избувнаа откако официјален Пекинг, прво се согласуваше, а потоа одби да прифати организирање на целосно слободни избори.

Наместо тоа, со најавената реформа на изборниот систим, изборите ќе бидат слободни, но кандидатите за кои ќе гласаат жителите на Хонг Конг претходно ќе мора да бидат прифатени и потврдени од една посебна комисија. Продемократските активисти тврдат дека комисијата ќе служи за кинеско вето, и за некои од кандидатите за наметнување на „подобни“ функционери.

- Никој во овие протести не е вклучен од надвор. Демонстрациите се на луѓето од Хонг Конг, на оние кои овде живеат и на оиие кои се дигнаа против наметнувањето на режимот, изјави за Би-Би-Си, Џефри Ху, еден од демонстрантите кој од почетокот е на уличните протести.

Официјален Пекинг уште од порано тврдеше дека во протестите има „странско мешање“, додека медиумите во Кина го обвинуваат Западот за „вклученост“ во демонстрациите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...