Радијацијата во околината на Фукушима ново рекордно ниво

Токио, 20 октомври 2014 (МИА) - Нивото на радијација во подземните води од техничкиот извор во близина на првиот и вториот реактор на јапонската нуклеарка „Фукушима 1“ достигна нови рекордно високи вредности.

Како што соопшти денеска компанијата-оператор ТЕПКО, при анализа на примерок од оваа вода, земен на 17 октомври, е регистрирано присуство на изотопи на цезиум-134 и  цезиум-137 од 267.000 бекерели на литар.

Минатата недела при анализа на друг примерот од водата било забележано присуство на дотогаш највисокото ниво на радиоактивност во реонот на нуклеарната централа по хаваријата што се случи во 2011 година - изотопи на цезиум од 251.000 бекерели на литар.

Максималната дозволена концентрација во Јапонија на изотопи на цезиум во водата, која се излева во океанот, е 30 бекерели.

Драстичната промена во нивото на радијацијата се објаснува со ширењето на радиоактивни честици во подземните води поради поројните дождови предизвикани од двата тајфуна, кои неодамна минаа над Јапонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...