Новиoт претседател на Индонезија положи заклетва

Џакарта, 20 октомври 2014 (МИА) - Поранешниот гувернер на Џакарта, Џоко Видодо денеска положи заклетва како седми претседател на Индонезија, на церемонија во Парламентот на која присуствуваа гости од странство, меѓу кои и американскиот државен секретар Џон Кери.

- Се колнам пред Алах дека ќе ги извршуваам своите обврски на претседател на Република Индонезија на што е можно поправеденначин, вети Видодо, кој е првиот лидер во оваа земја кој не потекнува од политичката или воената елита.

Заедно со потпретседателот Јусуф Кала, во претседателскиот систем на Индонезија, Видодо ќе има значајна улога во развојот на 250-милионска држава со економија чија вредност годишно изнесува над 1.100 милијарди долари.

Претседателскиот мандат во Индонезија трае пет години, а е ограничен на два избора.

Чинот на свечената заклетва во Џакарта мина без какви и да е инциденти, но, за секој случај, над 25.000 полицајци и 15.000 војници беа подготвени да интервенираат во случај на нереди што ги најавуваа помали исламистички партии и организации, незадоволни од фактот дека на чело на најбројната муслиманска држава доаѓа христијанин.

На инугурацијата на новиот претседател на Индонезија беа присутни сите водачи на политичките партии што учествуваа на претседателските избори. Меѓу личностите што присуствуваа на церемонијата, покрај Кери, беа и премиерите на Малезија, Сингапур, Брунеи и Австралија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...