Путин најави скорешна посета на Индонезија

 

Џакарта, 20 октомври 2014 (МИА) – Рускиот министер за индустрија и трговија, кој ја предводеше делегацијата на неговата земја на денешното свечено полагање на заклетвата на новиот претседател на Индонезија Јоко Видодо, најави дека претседателот Путин наскоро ќе ја посети Индонезија, со цел да се зајакнат политичките и економските врски меѓу двете држави.

Индонезиската државна агенција Антара соопштува дека средбата Видодо – Путин ќе се оствари наскоро и ја пренесува пораката на рускиот претседател, споре која сега добрите политички односи треба да бидат следени и со значајно поголема економска и културна соработка меѓу двете држави.

Индонезија е еден од лидерите на движењето на неврзаните, а новиот претседател Видодо најави дека зајакнувањето на улогата на Индонезија во меѓународната политика е негов главен приоритет. Руската дипломатска и економска колонија во Џакарта е меѓу најбројните странски претставништва во таа држава, а економските односи, барем до сега, беа сконцентрирани на трговска размена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...