Оскар Писториус осуден на пет години затвор

Јоханесбург, 21 октомври 2014 (МИА) - Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус е осуден денеска од судот во Преторија на пет години затвор,за убиство на својата девојка Рева Стенкамп.

Судијата Токазиле Масипа го казни параолимпиецот-спринтер Писториус и на три години затвор условно за употреба на огнено оружје.

Веднаш по изрекувањето на казната,Писториус беше префрлен во затвор.

Јавниот обвинител во својот завршен збор, побара од судот тој да биде осуден на најмалку 10 години затвор, додека одбраната бараше само три години домашен затвор и извршување на општествено корисна работа.

Писториус беше прогласен за виновен за ненамерно убиство на девојката, а не за смислено убиство, како што тоа тврдеше обвинителството.

Во февруари минатата година, познатиот светски атлетичар и спортски херој во Јужна Африка, Оскар Писториус ја уби својата девојка Стенкамп со три истрели, испукани низ затворената врата на бањата во неговата вила во луксузниот кварт на Преторија.

Полицијата и обвинителството тврдеа дека тој пукал намерно во неа, по „бучната расправија„ која ја слушнале соседите. Писториус меѓутоа и тогаш и во текот на судењето, тврдеше дека ја убил Стенкамп по грешка, погрешно мислејќи дека во бањата се крие провалник.

Судскиот процес почна во март оваа година и предизвика публицитет во целиот свет. Иако без двете нозе и трчајќи со специјални метални протези, Писториус беше првиот светски спортист кој во трката на 400 метри трчаше и на Олимпијадата и на Параолимписките игри во Лондон во 2012 година.

Во првата трка не успеа да се пласира во финалето, но на параолимписките игри убедливо победи.

Рева Стенкамп беше манекенка и познат фотомодел во Јужна Африка, која се подготвуваше да биде адвокат. Трагичниот инцидент во вилата на Писториус во Преторија се случи на Свети Валентин, само неколку часови откако младата двојка се врати дома од прославата на празникот на вљубените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...